• петок, 05 декември 2025

Луис Дијаз го напушти кампот на Ливерпул пред трансферот во Баерн за 75 милиони евра

Луис Дијаз го напушти кампот на Ливерпул пред трансферот во Баерн за 75 милиони евра

 

Лондон, 28 јули 2025 (МИА) – Колумбискиот крилен напаѓач Луис Дијаз (28) ќе ја продолжи кариерата во Баерн, откако клубот од Минхен се согласи да му плати обесштетување на Ливерпул од 75 милиони евра, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, Дијаз веќе го напуштил тренинг кампот на Ливерпул во Токио за да се врати во Европа и до крајот на оваа недела ада го комплетира трансферот во Баерн.

Ливерпул категорично ја одби првичната понуда на баварскиот клуб од 67 милиони евра, па затоа најуспешниот германски клуб ја зголеми сумата за обесштетување за осум милиони.

Колумбискиот репрезентативец, кој постигна 17 голови и додаде осум асистенции минатата сезона, треба да потпише четиригодишен договор со Баерн, според кој ќе заработува 14 милиони евра по сезона.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан