• понеделник, 23 декември 2024

Лорис е првиот француски голман кој одигра 100 натпревари во европските купови

Лорис е првиот француски голман кој одигра 100 натпревари во европските купови
Антверп, 30 октомври 2020 (МИА) – Голманот на Тотенхем Хуго Лорис синоќа против Антверпен во 2. коло од Лигата на Европа го одигра својот 100. натпревар во европските фудбалски купови. Според „Опта“, Лорис е првиот француски голман со вакво достигнување. Тој има 32 натпревари во Лигата на Европа (вклучувајќи ги и квалификациските фази) и 68 натпревари во Лигата на шампионите (вклучувајќи ги и квалификациските фази). Сепак, Лорис немаше многу причини за прослава на јубилејот, бидејќи неговиот тим Тотенхем загуби на гостувањето во Белгија од Антверп со 1:0. зс/

Остани поврзан