• петок, 19 јули 2024

Лорис го собори рекордот на Тотенхем за најмногу настапи во Премиер лигата

Лорис го собори рекордот на Тотенхем за најмногу настапи во Премиер лигата
Вулверхемптон, 22 август 2021 (МИА) - Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис се најде во стартниот состав за денешниот натпревар од второто коло на шампионатот во Англија против Вулверхемптон. За 34-годишниот голман, ова е 300-ти меч во англиската Премиер лига. Французинот стана рекордер по број на настапи на лондонскиот клуб во Премиер лигата. Лорис во Тотенхем е од 2012 година. Претходно бранеше за Лион и Ница. За француската репрезентација има одиграно 129 натпревари. зс/

Остани поврзан