• петок, 05 јули 2024

Локалниот младински совет на Струмица ќе помога во вдомувањето на бездомните кучиња

Локалниот младински совет на Струмица ќе помога во вдомувањето на бездомните кучиња

Струмица, 14 август 2023 (МИА) - Локалниот младински совет на Струмица преку кампањи за подигање на свеста кај младите ќе помога во вдомувањето на бездомни кучиња кои се згрижени во Стационарот „Лана“.

Претставници на Советот денеска беа во посета на Стационарот заедно со градоначалникот Костадин Костадинов, каде се запознаа со работата и третманот на бездомните кучиња.

-Покрај кампањи ќе работиме и на зголемување на интересот кај младите за волонтирање во Стационарот и на тој начин да помогнеме во работењето, рече Васил Поп Стојанов од Локалниот младински совет на Струмица.

Градоначалникот Костадинов информираше дека денеска е одржан и првиот состанок со новоформираниот Младински совет, кој досега не функционираше.

-Само преку создавање можности креативноста на младиот човек да се претвори во дела ќе го убедиме младиот човек да има поголема доверба во локалните институции и што е можно повеќе да доаѓаат и да ги кажуваат нивните зебелешки, рече Костадинов.

Според него, со денешната посета на „Лана“ од страна на младите почнуваат посетите на јавните општински претпријатија и увид во нивната работа.

Костадинов информираше дека Младинскиот центар, кој е лоциран во општинската зграда, треба да почне со работа до крајот на септември. Заради технички проблеми со истекување на вода пролонгирано е неговото отварање. Веќе е распишана втората јавна набавка за внатрешно уредување и е нарачан мебелот. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан