• вторник, 12 ноември 2024

Локалниот економско-социјален совет од Куманово ја проширува соработката со општини од соседните држави

Локалниот економско-социјален совет од Куманово ја проширува соработката со општини од соседните држави
Куманово, 12 септември 2022 (МИА) - Локалниот социјално-економски совет од Општина Куманово и Шумадија саем од општина Крагуевац од Србија потпишаа Меморандум за соработка, информираа денеска надлежните од овој Совет. Целта, како што посочија од Советот, е унапредување на соработката од областа на земјделството, подобри услови за соработка меѓу земјоделските производители од двете општини и полесен пласман на производите на странските пазари. - Ова е првична соработка во областа на земјоделството и економијата. Овој Меморандум ќе биде појдовна точка за унапредување на соработката и помеѓу двете општини, изјави Ахмет Јашаревски, координатор во локалниот Економско-социјален совет од општина Куманово. На саемот учествуваа фирми од Куманово од земјоделство, производство и пласман на храна кои имаа можност да разменат искуства со колеги од други држави, да ги согледаат потенцијалите за соработка. ам/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан