• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Локализиран пожарот помеѓу каменичките села Саса и Моштица

Локализиран пожарот помеѓу каменичките села Саса и Моштица

Македонска Каменица, 11 март 2025 (МИА) - Локализиран е пожарот помеѓу каменичките села Саса и Моштица, потврдија за МИА од Регионалната канцеларија на ЦУК, од каде велат дека пожарот е изгаснат денеска околу 11:30 часот. 

- Во пожарот не била зафатена шума, а опожарени се околу 20 хектари сува трева. Синоќа екипа на ТППЕ од Македонска Каменица беше присутна на терен на кои им се приклучија екипи на гранична полиција и шумско стопанство кои дежураа заради превенција, информираа од Регионалната канцеларија на ЦУК.

Појава на пожар во каменичко имаше и во изминатите денови за што останува препораката на надлежните за одбегнување на палење оган на отворено. вс/са/

Фото: Подружница на ЈП Национални шуми 
 

Остани поврзан