• вторник, 14 мај 2024

Локализиран пожарот во близина на карбинското село Крупиште, кај местото Цапара

Локализиран пожарот во близина на карбинското село Крупиште, кај местото Цапара
Карбинци, 4 август 2021 (МИА) - Пожарот што избувна вечерва покрај регионалниот пат Штип – Кочани зафатил површини сува трева поради што сообраќајната полиција еден час го регулирала сообраќајот, а половина час бил и затворен за сообраќај. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, вели дека станува збор за површина од 10 хектари, а според првичните информации станува збор за пожар предизвикан од запалено стрниште. Насев посочи дека благодарение на месното население и на пожарникарите пожарот е локализиран и ниту еден човечки живот не е загрозен, ниту недвижен имот. вдј/лв/

Остани поврзан