• понеделник, 23 декември 2024

Лога - Силвестри: Италија е силен поддржувач во евроинтегративниот процес на Северна Македонија

Лога - Силвестри: Италија е силен поддржувач во евроинтегративниот процес на Северна Македонија

Скопје, 13 април 2023 (МИА) -  Италија е силен поддржувач на нашата држава во евроинтегративниот процес, констатирале на денешната средба министерот за правда Кренар Лога и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Министерот Лога, како што соопшти Министерството за правда, се заблагодарил на поддршката што Италија и ја дава на нашата земја во делот на реформите и процесот на интеграција.

-Амбасадорот Силвестри беше информиран за процесот на уставни измени, составот на работната група, изборните реформи, Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, процесот на дигитализација во судовите и јавните обвинителства, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Лога и Силвестри заклучиле дека регионалната соработка треба да продолжи, а реформите да се спроведуваат паралелно со интеграцијата во ЕУ. дма/бак/

 

Фото: Министерство за правда

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан