• среда, 08 мај 2024

Ловрен: Да го имавме ние Меси, Лаказет ќе даваше многу повеќе голови од Мбапе

Ловрен: Да го имавме ние Меси, Лаказет ќе даваше многу повеќе голови од Мбапе

Лион, 14 мај 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Лион Дејан Ловрен го спореди Александре Лаказет со Килијан Мбапе.

 

- Не сум изненаден од ефикасноста на Лаказет. Многупати играв против него кога тој беше во Арсенал. Ова е тип со менталитет на победник, такви играчи има малку. Прави нешто неверојатно. Го немаме Меси во тимот, кој има многу асистенции кон Мбапе, но во исто време Лаказет постигнува малку помалку од Мбапе. Замислете што ќе се случи ако го имавме Меси, изјави Ловрен за „Foot Mercato“.

 

Пред 35. коло во Лига 1, напаѓачот на Лион и напаѓачот на ПСЖ имаа по 24 гола. Сега Лаказет има 25, Мбапе 26 погодоци. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан