• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЛН: Италија без најдобриот стрелец во Серија А против Германија

ЛН: Италија без најдобриот стрелец во Серија А против Германија

 

Рим, 19 март 2025 (МИА) – Италијанската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена во четвртфиналните дуели од Лигата на нации против Германија, откако напаѓачот на Аталанта и најдобар стрелец сезонава во Серија А, Матео Ретеги, поради повреда отпадна од репрезентативниот список.

„По извршените тестови денеска, поради проблем со десниот бутен мускул, утврдено е дека Матео Ретеги нема да може да настапи на двата натпревари против Германија“, соопшти италијанската фудбалска Федерација (ФИГЦ).

„Тој се врати во клубот, каде ќе биде подложен на дополнителни тестови“, се додава во соопштението.

Откако минатото лето пристигна во Аталанта од Џенова, 25-годишниот Ретеги постигна 25 голови на 40 натпревари за тимот од Бергамо, од кои 22 во Серија А. Настапувајќи за италијанската репрезентација, Ретеги на 18 натпревари постигна шест голови.

Се претпоставува дека на негово место ќе биде повикан Мојс Кин, кој од Фиорентина. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан