• понеделник, 23 декември 2024

ЗНАМ во изборната програма со над 40 предлог мерки за производство и преработка на храна

ЗНАМ во изборната програма со над 40 предлог мерки за производство и преработка на храна

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - Професорот Ѓоко Буневски од Движењето ЗНАМ денеска на прес-конференција во Скопје промовираше дел од предлог мерките од „Прогласот за достоинствена Македонија“,кои се во рамки на нивната програма за земјоделство и производство на храна.

Тој напомена дека имаат над 40 предлог мерки за подобрување на секторот за производство и преработка на храна.

Како што рече, една од предлог мерките е воведување на забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва до трета категорија за друга намена, освен за производство на храна.

- Воведувањето на забрана за пренамена на земјоделското земјиште од прва до трета категорија треба да биде закон и пракса како што е во многу земји, потенцира Буневски.

Напомена дека е потребно да се стави приоритет на доделување на земјоделско земјиште на локалните фармери, а не на странските инвеститори.

- Локалните фармери мора да имаат приоритет при доделување на земјоделското земјиште. Капацитетот на една фарма е ограничен зависно од капацитетот на земјоделско земјиште, додаде Буневски.

Третата предлог мерка е фокусирање на синџирот од нива до трпеза. Според Буневски, со форсирање на овој концепт кај фармерите кои имаат капацитет и интерес за негова примена, добиваат додадена вредност на секој произведен земјоделски сточарски производ, а профитот ќе оди кај фармерите.

Нивна предлог мерка е и субвенционирање на предадени земјоделски култури по загарантирана откупна цена, но и зголемување на субвенциите во земјоделството.

- Потребно е намалување, или пак можност за стопирање на напуштање на селото, нешто што е особено евидентно последните години со емиграција од село во град, и тоа со поголеми стимулирања на младите фармери, особено на жени фармерки, кои се стожерот на фамилијата и давање големи погодности за отворање бизнис во овие рурални средини, рече Буневски. бт/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан