• петок, 22 ноември 2024

Ли Кертис e против борбата против стареење

Ли Кертис e против борбата против стареење
Лос Анџелес, 13 октомври 2021 (МИА) - Џејми Ли Кертис важи за една од најпознатите природни убавици во Холивуд и, според неа, тоа секогаш било нејзин слободен и многу свесен избор. - Јас долго време сум застапник за природна убавина, главно затоа што имав обиди и грешки за другиот дел... Направив пластична операција,  не функционираше. Ја мразев. Ме натера да се чувствувам полошо, рече таа вчера за ирското Шоу на Лорен Кин. Според неа, и обичните козметички третмани се бесцелни. За својата куса коса, глумицата која е на самиот почеток од седмото десетлетие од својот живот, вели дека настанала по „низа несреќи“ со косата. - Многу рано во мојата кариера, морав да ја бојадисам косата за филм и тоа ми ја изгоре скоро до главата. Но, првиот пат кога ја скратив косата, си реков: „Ох, Боже... О, леле! Вака си личам на себеси"!, раскажува таа. Оттогаш престанала и да ја обојува косата во кафеаво, отстапувајќи од својот препознатлив изглед, како на пример во филмот „Вистински лаги“ до 1994 година, покрај Арнолд Шварценегер. Кертис јавно ја прифати својата природна сива коса, заедно со Енди Мекдауел, Џејн Фонда и други светски познати личности. - Јас, исто така, не му се лутам ниту на своето лице... И, онаа борба против стареење!? За што тоа зборувате, Ви се молам!? Сите ќе остариме. Сите ќе умреме. Зошто сакате да изгледате како 17-годишни кога имате 70 години? Сакам да изгледам 70-годишна кога ќе имам 70!, истакна таа. Таа сега е посветен поборник против ботокс, фотофилтрирање, бришење, преправање и сите други нешта за разубавување. Оваа и следната година, Џејми Ли Кертис е актуелна со засега последните два филма од серијалот „Ноќта на вештерките“.  си/ми/

Остани поврзан