• петок, 05 декември 2025

Приведени тројца возачи на подрачјето на СВР Тетово затоа што управувале возила со брзина од над 70 км/час повеќе од дозволеното

Приведени тројца возачи на подрачјето на СВР Тетово затоа што управувале возила со брзина од над 70 км/час повеќе од дозволеното

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - На магистрален пат Тетово – Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, вчера во периодот од 17.20 до 18.45 часот  полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар ги лишиле од слобода Н.Н.(55) од Гостивар, А.А.(54) од Охрид и Л.С.(35) од село Копачиндол, тетовско.  

- Н.Н. управувал патничко возило „фоксваген пасат“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена со 80 километри на час, А.А. управувал патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски таблички со брзина од 161 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час,  додека Л.С. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максималната брзина со сообраќаен знак е 100 километри на час, соопштија денеска од МВР.

Во консултација со јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Тетово и Гостивар тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат поднесени пријави по член 297-а од  Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан