• петок, 05 декември 2025

Приведени крадци во Прилеп, одземеното вратено на сопственичката

Приведени крадци во Прилеп, одземеното вратено на сопственичката

Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Прилеп, вчера на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп ги лишиле од слобода М.К.(18)  од Прилеп и еден малолетник, постапувајќи по пријава од 76-годишна жена од Прилеп дека истиот ден околу 14:50 часот на ул.„Кеј 9 Септември“, во близина на паркот во Прилеп, две лица кои биле со мотоцикл и одзеле златно ланче.

Како што соопшти денеска МВР, украденото е вратено на пријавителката, а по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан