• сабота, 05 октомври 2024

Лишени од слобода двајца скопјани за доиздржување на затворска казна

Лишени од слобода двајца скопјани за доиздржување на затворска казна
Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода двајца скопјани, Р.А. (36) на булеварот „Партизански одреди“ и Б.С.(31) на улицата „Стојна Стевкова“, затоа што се барале за доиздржување на затворска казна. Како што соопштува МВР, на вчера во 20:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(36) од Скопје, затоа што се барал за доиздржување на затворска казна. Истиот ден во 20:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.С.(31) од Скопје, затоа што се барал за издржување на казна затвор од две години.бт/дма/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан