• сабота, 21 декември 2024

Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон

Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Полицајци од СВР Скопје денеска во 01:00 часот ги лишиле од слобода В.Н.(22) и С.Б.(27), двајцата од скопското село Арачиново. 

Како што информира МВР, лицата се сомничат дека на во неделата околу 22:00 часот на подрачјето на Гази Баба со закана од М.Н.(31) од Скопје одзеле пари и мобилен телефон.

- По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан