• понеделник, 23 декември 2024

Литија низ битолските улици во чест на Свети Нектариј Битолски – заштитник на градот

Литија низ битолските улици во чест на Свети Нектариј Битолски – заштитник на градот

Битола, 18 декември 2023 (МИА) - Општина Битола и преспанско-пелагониската епархија со Литија низ битолските улици и низ Широк Сокак го одбележа 18 декември, ден на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски.

Според архивите на преспанско-пелагониската епрахија, Свети Нектариј Битолски, бил роден во Битола во 15. век, со световно име Никола, а своето светителско достоинство го добил на Света Гора, во најголемиот христијански центар на Балканот. Во Тропарот за Свети Нектариј е забележано дека Битола е градот кој го воспита овој светител кој од 2008 година е прогласен за заштитник на градот.

Во рамки на празничната програма, градоначалникот Тони Коњановски награди 80 ученици од основното и средното образование кои постигнале успех на државни и меѓународни натпревари.

Во слава и чест на преподобниот Св. Нектариј Битолски, синоќа во свечената сала на Офицерскиот дом, концерт одржа хорот „Стив Наумов“ од Битола. мт/сст/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан