• понеделник, 08 јули 2024

Литературна средба „Ден на македонската книга на руски јазик“ - преведувачкиот опус на Олга Панкина

Литературна средба „Ден на македонската книга на руски јазик“ - преведувачкиот опус на Олга Панкина
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Друштвото на писатели на Македонија денеска организира литературна средба посветена на преведувачкиот опус на руската авторка Олга Панкина насловена „Ден на македонската книга на руски јазик“. На средбата ќе зборуваат поетот, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач академик Влада Урошевиќ и писателот, есеист, критичар и книжевен теоретичар Венко Андоновски. Реч ќе одржи и руската македонистка, преведувачка, поетеса, сликарка Панкина, чија богата професионална активност е посветена на популаризацијата на македонската книжевност и култура во Руската Федерација. вг/са/  

Остани поврзан