• недела, 06 октомври 2024

Лингард ги понуди своите услуги на Барселона

Лингард ги понуди своите услуги на Барселона

Барселона, 9 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард би сакал да игра во Барселона, тврди „Diario Sport“.

Триесет и едногодишниот Англичанец самостојно контактирал со Каталонците за да ги понуди своите услуги. Поради финансиските проблеми на Барселона, тие не можат да си дозволат скапи потези во зима, па клубот може да размисли за ангажман на Лингард.

Фудбалерот е без клуб од минатото лето, кога му заврши договорот со Нотингем Форест. Претходно, Лингард настапуваше за Манчестер јунајтед, Вест Хем, Дерби Каунти, Брајтон и Лестер.

За Англија има одиграно 32 натпревара и постигнато шест гола.

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Лингард на шест милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан