• сабота, 06 јули 2024

Лилард: Треба да бидам вклучен во првата идеална петорка

Лилард: Треба да бидам вклучен во првата идеална петорка

Портланд, 2 април 2023 (МИА) – Плејмејкерот на Портланд, Демијан Лилард, смета дека заслужува да биде во првата идеална петорка на НБА-лигата на крајот од оваа сезона.

 

- Ако го погледнете мојот настап освен резултатите, тоа беше најдобрата сезона во мојата кариера. Зборувам за тоа како се чувствував, колку бев ефикасен на теренот, како се опоравив за следниот натпревар, како успеав да останам во форма. Ова е веројатно најдобрата сезона во мојата кариера. Сметам дека вторпат во кариерата треба да се вклучам во првата идеална петорка. Секогаш прво гледам како играв, а потоа ако загубиме натпревар, гледам дали одиграв како што треба. Што би можел да направам за да донесам победа? Се чувствувам како понекогаш треба да преземам повеќе товар отколку што треба, рече Лилард.

 

Новиот колективен договор меѓу НБА и сојузот на играчи ќе и овозможи на лигата да прави симболични петорки, без разлика на позицијата на играчите. За да се пласира во идеалната петорка, играчот ќе треба да одигра најмалку 65 натпревари во регуларниот дел од сезоната. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан