• петок, 05 декември 2025

Ликовна колонија во Моклишки манастир кај Ваташа 

Ликовна колонија во Моклишки манастир кај Ваташа 

Кавадарци, 30 август 2025 (МИА) - Ликовна колонија се реализираше денеска во амбиентот на дворот на  Моклишки манастир кај кавадаречкото село Ваташа. Настанот беше  во организација на Здружението на ликовни уметници „Роднокрајци“, љубители на уметноста и културата. 

- На оваа традиционална ликовна манифестација учествуваат ликовни уметници и уметници таленти, од сите генерации, главно од Тиквешијата, но и од други региони од земјава и странство. Се твори во прекрасна природа, што дава извонредна инспирација учесниците на годинешнава колонија создадоа прекрасни дела што заслужуваат да бидат видени од очите на јавноста, подвлече Ќиро Јосифов, претседател на „Роднокрајци“. 

Тој информираше дека настанот се организира со поддршка на локалната самоуправа. свд/вј/

Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан