• среда, 18 декември 2024

Лиз Чејни најави дека има намера да се кандидира за претседателка на САД

Лиз Чејни најави дека има намера да се кандидира за претседателка на САД

 Вашингтон, 5 декември 2023 (МИА) - Лиз Чејни, поранешна членка на Претставничкиот дом од Републиканската партија и жесток критичар на експретседателот Доналд Трамп која копретседаваше со конгресната Комисија за истрага на упадот во Капитолот, изјави дека има намера да стане претседателски кандидат за изборите во 2024 година, но како претставничка на трета партија. 

Во интевју за Вашингтон пост објавено денеска Чејни изјави дека размислува за ова и дека би настапила како кандидат од трета конзервативна партија или во рамки на двопартиска листа во која би биле вклучени републиканец и демократ.  

Според неа, Трамп е закана за демократијата и за САД. 

-Се судираме со закани кои за САД можат да прераснат во егзистенционални, и нѝ треба кандидат способен да се справи со сите тие проблеми, да ги реши и да им се спротивставува, прецизираше таа. 

Рече дека одлуката за тоа ќе ја донесе во наредните месеци.  

Чејни е убедена дека уште еден мандат на Трамп би предизвикал закана за американските демократски институции. Таа смета дека ако тој се врати на власт, САД ќе станат диктатура а Трамп ќе остане доживотен претседател. 

Лиз Чејни (57), ќерка на поранешнит потпретседател Дик Чејни (2001-2009), не успеа на повторен избор во Конгресот во 2020 година, а во заднина на големата подршка што Трамп тогаш ја имаше меѓу партијците. Таа е главен републиканец во комисијата која го истражуваше нападот на Капитолот од страна на подржувачи на Трамп кој се случи на 6 јануари 2021 година, а со цел укинување на резултатите од претседателските изборите во 2020 година и негирање на победата на демократот Џо Бајден. кб/ссм/

Остани поврзан