• петок, 22 ноември 2024

Лиза Франчети стана првата жена на чело на американската морнарица

Лиза Франчети стана првата жена на чело на американската морнарица

Вашингтон, 3 ноември 2023 (МИА) - Американскиот Сенат гласаше за одобрување на адмирал Лиза Франчети (59) да ја води американската морнарица.

Како началник за поморски операции, таа стана првата жена што се приклучи на елитната група високи воени офицери кои го сочинуваат Здружениот Генералштаб на американската војска, јавува Би-Би-Си.

Нејзината номинација беше одобрена со 95 гласа „за“ и еден против, откако Сенатот се обиде да ги пополни критичните позиции во военото раководство.

Франчети е ветеран на морнарицата и поранешна началничка на американската Шеста флота и американските поморски сили во Јужна Кореја, а исто така служела и како командант на носач на авиони. Таа беше номинирана од американскиот претседател Џо Бајден. Американската крајбрежна стража е предводена од жена, адмирал Линда Фаган, но таа гранка спаѓа под Министерството за домашна безбедност, а не под Министерството за одбрана.

Генерал Дејвид Олвин е назначен за началник на Генералштабот на американските воздухопловни сили, а генерал-полковник Крис Махони е именуван за помошник командант на маринскиот корпус, откако неговиот претходник во неделата доживеа срцев удар, јавуваат американските медиуми. ссм/

фото: ЕПА архива

 

Остани поврзан