Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
- Лидерот на Хезболах, Наим Касем, жали за иранскиот врховен водач Али Хамнеи, нарекувајќи го маченик кој зад себе остава десетици милиони приврзаници, пренесе Би-Би-Си.
Бејрут, 1 март 2026 (МИА) – Лидерот на Хезболах, Наим Касем, жали за иранскиот врховен водач Али Хамнеи, нарекувајќи го маченик кој зад себе остава десетици милиони приврзаници, пренесе Би-Би-Си.
Касем изјави дека она што го опиша како „злосторничка американска и ционистичка агресија“ насочена против Хамнеи претставува „врв на криминалот“.
- Ќе ја исполниме нашата должност во соочувањето со агресијата, уверени во победата, водството и поддршката од Алах – се закани Касем.
Либанскиот шиитски Хезболах, кој се смета за една од најистакнатите групи спонзорирани од Иран во регионот, организира јавен собир подоцна денеска во знак на лојалност кон Хамнеи и поддршка за Иран. јт/
Фото: ЕПА