• понеделник, 23 декември 2024

Лидерот на Хамас на средба со иранските претставници во Техеран

Лидерот на Хамас на средба со иранските претставници во Техеран

Техеран, 26 март 2024 (МИА) - Лидерот на Хамас Исмаил Ханија денеска ќе го посети Техеран на средба со иранските претставници, еден ден откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за итен прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и палестинската група, објави официјалниот ирански телевизиски канал Прес ТВ.

Иран е на страната на „Хамас“ во војната со Израел, која трае веќе речиси шест месеци, а во која загинаа повеќе од 32.000 Палестинци во Газа.

Ова ќе биде втора посета на Ханија на Техеран по избувнувањето на вооружениот конфликт на 7 октомври.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи ја оцени вчера усвоената резолуција од Советот за безбедност на ОН како „позитивен чекор“. „Но, уште поважен чекор ќе биде да се обезбеди ефикасно спроведување (на резолуцијата)“, посочи претставникот на дипломатскиот оддел.

Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот, но истакна дека прекинот на огнот треба да биде траен, а не само за ограничен временски период.

Соединетите Американски Држави се воздржаа од гласањето во ОН, што ги затегна односите со нивниот сојузник Израел. паг/

Фото: ЕПА



 

Остани поврзан