• петок, 22 ноември 2024

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со бизнис заедницата во Битола

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со бизнис заедницата во Битола

Битола, 16 март 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Пеце Милевски и пратеничките Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, остварија средба со претставници на бизнис заедницата во Битола.

-Тука сме да ги слушнеме и да можеме да ги решиме проблемите на граѓанитеда зборуваме за развојот на Битола и за иднината на битолчани да останат овде во Битола да не ја напуштаат Битола, впрочем иднината на Македонија и граѓаните на Македонија е да останат тука да не ја напуштаат Македонија, истакна Мицкоски.

Свесни сме, додаде тој, дека живееме во време кога за жал имаме една влада на ДУИ поддржана од СДС. - Влада која што секојдневно се труди да го понижи граѓанинот, да ја понижи државата и свесни сме дека разочарувањето кај нашите сограѓани  е огромно, не само кај Македонците, тука зборувам и кај Албанци, и кај Турците, и кај Власите, и кај Србите, кај Ромите, кај Бошњаците буквално денеска додека ние ја даваме оваа изјава веќе некое семејство за жал ја напушта Македонија, и тоа е жално, трагично, посочи Мицкоски.

Мицкоски потсети дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, годишно ќе овозможува да завршат околу 250 милиони евра или 15 милијарди денари капитални инвестиции за потребите на општините.

-Битола има неколку проекти кои што се од огромно и државно значање и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има приоритет во реализација на тие проекти за Општина Битола, меѓу кои е техничкото односно идејното решение за спортската сала кое е избрано. Но и не само тоа, има и многу други проекти во делот на инфраструктурата. Ние имаме навистина еден амбициозен проект кој што повеќе од 1 милијарда евра ќе бидат пари кој што директно од капитални инвестиции од буџетот ќе завршат за општините, а секако Битола е еден од клучните приоритети затоа што Битола и битолчани тоа го заслужуваат, нагласи Мицкоски.

Според градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, средбата со Регионалната стопанска комора е можност да се слишнат барањата и сугестиите на стопанствениците, а се со цел Битола да биде пристојно место за живеење со перспективи за младите.

-Ова е континуитет на средбите кои ги ветивме уште од предизборието и еве во неколку наврати веќе се среќаваме, се собираме да ги размениме нашите искуства, да ги видиме проблемите на бизнис заедницата. Ние сме нивни партнер, ние сме сервис на граѓаните и Општина Битола така и делува во изминатава година и пол, истакна Коњановски.

За време на заедничката работна средба стопанствениците имаа можност да поставуваат прашања за актуелните локални и национални состојби и ислови за развој на бизнис секторот во градот и државата. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан