Лидерите на Тајланд и Камбоџа утре на средба во Малезија за решавање на граничниот конфликт
- Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Вечајачај, ќе се сретне утре во Куала Лумпур со својот камбоџански колега Хун Манет за да разговараат за надминување на кризата која доведе до крвави судири долж заедничката граница, соопшти кабинетот на тајландскиот премиер.
Куала Лумпур, 27 јули 2025 (МИА) - Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Вечајачај, ќе се сретне утре во Куала Лумпур со својот камбоџански колега Хун Манет за да разговараат за надминување на кризата која доведе до крвави судири долж заедничката граница, соопшти кабинетот на тајландскиот премиер.
Целта на разговорите е „враќање на мирот“, рече портпаролот на кабинетот, Џирају Хунгсуб, наведувајќи дека средбата се одржува под покровителство на Малезија, која годинава претседава со Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), во која членуваат и Тајланд и Камбоџа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека разговарал со лидерите на двете држави и ги повикал на смирување на тензиите. Тој додаде дека САД се подготвени да посредуваат во решавањето на конфликтот. ссм/
фото: архива