• четврток, 19 декември 2024

Ливерпул го проширува капацитетот на „Енфилд Роуд“

Ливерпул го проширува капацитетот на „Енфилд Роуд“
  Ливерпул, 22 септември 2021 (МИА) – Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул најави дека идната недела ќе почнат градежни работи на зголемување на капацитетот на стадионот „Енфилд Роуд“, кој наскоро би требало да има капацитет од 61.000 гледачи, што ќе биде за 7.000 повеќе отколку досега. „Енфилд“ со тоа би требало да стане трет најголем стадион во Премиер лигата, по „Олд Трафорд“ на Манчестер јунајтед и „Хотспар“ на Тотенхем. Ливерпул оваа пролет доби дозвола од градскиот совет и станарите во соседството на „Енфилд“ за извршување на градежни работи. Според најавите, „Енфилд“ ќе биде подготвен да прими 61.000 гледачи од сезоната 2023/24. ег/

Остани поврзан