• сабота, 11 мај 2024

Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус

Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус
Лондон, 4 јануари 2022 (МИА) - Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот. Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди. Исто така и денешниот тренинг на „црвените“ од Енфилд е откажан. Натпреварот Арсенал - Ливерпул треба да се одигра на 6 јануари со почеток во 22:45 часот. зс/

Остани поврзан