Либиските парламенти соработуваат со ОН за излез од кризата
- Претставници на двата конкурентни парламенти во Либија, од Триполи и Бенгази, се согласија да работат заедно со мисијата на ОН за организација на општи избори и излез од политичкиот ќорсокак.
Триполи, 19 декември 2024 (МИА) - Претставници на двата конкурентни парламенти во Либија, од Триполи и Бенгази, се согласија да работат заедно со мисијата на ОН за организација на општи избори и излез од политичкиот ќорсокак.
На средбата во Мароко, делегациите се заложија за заедничка работа на институционални, финансиски и безбедносни реформи. Мисијата на ОН најави формирање техничка комисија за решавање на спорните прашања и олеснување на процесот за избори.
Политичката криза во Либија трае повеќе од една деценија, со поделба меѓу истокот и западот на земјата, а изборите се клуч за враќање на стабилноста. ссм/
фото: архива