Либанскиот претседател повика на „поддршка за одбрана на суверенитетот на земјата“ по новиот израелски напад во Бејрут
- Либанскиот претседател Џозеф Аун побара од меѓународната заедница „поддршка во одбраната на суверенитетот на неговата земја“ во врска со новиот израелски воздушен напад во либанската престолнина Бејрут.

Бејрут, 1 април 2025 (МИА) - Либанскиот претседател Џозеф Аун побара од меѓународната заедница „поддршка во одбраната на суверенитетот на неговата земја“ во врска со новиот израелски воздушен напад во либанската престолнина Бејрут.
Аун го осуди нападот, нарекувајќи го „опасен сигнал“ за намерни дејствија против Либан.
Претседателот рече дека растечката „агресија“ на Израел бара од Либан да ги зајакне своите дипломатски шатлови и да ги мобилизира своите меѓународни сојузници да го заштитат целосниот интегритет на земјата.
Најмалку три лица загинаа, а седум се ранети денеска во израелски воздушен напад во јужниот дел на Бејрут, објави либанското Министерство за здравство.
Израелската армија, пак, објави дека цел на нападот бил борец на либанското шиитско движење Хезболах, кој „неодамна ги насочувал луѓето од Хамас и им помагал“.
Овој напад доаѓа три дена по првиот израелски напад врз Бејрут од стапувањето на сила на примирјето меѓу Израел и Хезболах на 27 ноември. паг/
Фото: МИА архива