• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ле Пен: Одлуката на Белата куќа да ја запре испораката на американско оружје за Украина е за осуда

Ле Пен: Одлуката на Белата куќа да ја запре испораката на американско оружје за Украина е за осуда

Париз, 4 март 2025 (МИА) - Пратеничката во Националното собрание на Франција од ултрадесничарското движење „Национален собир“ и „природен кандидат на претседателските избори“ од оваа партија, Марин Ле Пен, денеска изјави дека одлуката на Белата куќа да ја запре испораката на американско оружје за Украина е за осуда.

-Сметам дека бруталноста на оваа одлука е за осуда. Тоа е многу сурово кон украинските војници кои се борат за својата земја, рече Ле Пен во интервју за весникот Фигаро.

Таа оцени дека „никој не може да ги натера САД да продолжат да даваат поддршка за Украина доколку Америка повеќе не го сака тоа. Меѓутоа, за секоја критика е фактот дека Украина не доби разумен период да се преориентира“.

Според Ле Пен, прекинот на снабдувањето со оружје и воена опрема е помалку проблематичен бидејќи може да се компензира, во споредба со прекинот на поддршката во сферата на разузнавачката, технолошката и дигиталната поддршка што САД и ја даваат на Украина.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан