• сабота, 29 јуни 2024

Лејкерси се согласија на тригодишно продолжување на договорот со Дејвис за 186 милиони долари

Лејкерси се согласија на тригодишно продолжување на договорот со Дејвис за 186 милиони долари

Лос Анџелес, 5 август 2023 (МИА) – Лос Анџелес лејкерс ќе потпишат долгорочен договор со Ентони Дејвис, објави НБА-инсајдерот Адријан Војнаровски.

 

Според него, страните ќе потпишат тригодишен договор вреден 186 милиони долари. Според актуелниот договор, играчот има уште две сезони. Продолжувањето ќе се активира од 2025 година.

 

Триесетгодишниот Дејвис е во Лејкерс од сезоната 2019-2020. Во основниот дел од минатата сезона во НБА, тој имаше просек од 25,9 поени, 12,5 скока, 2,6 асистенции, 1,1 украдена топка и 2,0 блокади за 34 минути игра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан