• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лејди Гага најави нов албум за 29 мај

Лејди Гага најави нов албум за 29 мај
Лос Анџелес, 11 мај 2020 (МИА) - Американската пејачка Лејди Гага на Инстаграм соопшти дека на 29 мај ќе објави нови албум. Тој ќе биде насловен „Chromatica" и ќе има 16 песни. Албумот бил планиран за порано, но Лејди Гага не сакала да го објави поради пандемијата на коронавирусот. „Ова е доста страшно време за сите нас и додека бев уверена дека уметноста е најсилно нешто што ни овозможува радост и исцелување, сфатив оти едноставно не е в ред од моја страна да објавам нов албум во услови на светска пандемија... Но, патешествието продолжува“, напиша таа.  си/сд/

Остани поврзан