• вторник, 05 ноември 2024

Лечиќ го објави поширокиот список за подготовките на селекцијата до 18 години

Лечиќ го објави поширокиот список за подготовките на селекцијата до 18 години

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Селекторот на машката јуниорска репрезентација, Андреј Апостолски Лечиќ, излезе со поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета во подготвителниот период кој ќе биде реализиран во Скопје.

 

По задолжителните лекарски прегледи во претходните два дена, оваа македонска репрезентација ги стартуваше подготовките кои според планираното ќе бидат реализирани во СРЦ „Кале“.

 

На списокот на Лечиќ се најдоа: 
Андреј Шошкиќ – Работнички
Ангел Стојанов – Работнички
Даниел Балоски – Работнички
Филип Чолаковски – Работнички
Милош Кнежевиќ – Работнички
Горазд Митев – Работнички
Никола Јаничиќ – Водно Санс
Атанасиј Трајанов – Водно Санс
Бојан Димитриев – Водно Санс
Koста Ќириловски – Водно Санс
Павел Иванов – Вардар
Марко Лукановски – Вардар
Филип Лаковски – Вардар
Бојан Величковски – МЗТ Скопје Аеродром
Давид Талевски – МЗТ Скопје Аеродром
Лука Серафимоски – МЗТ Скопје Аеродром
Стефан Стојковиќ – Феникс 2010
Димитар Зетов – Струмица
Дино Лазаров – Дино Баскет
Андреј Чадамов – Еуро Никел 2005
Диједон Синани – Чаир 2030
Дамјан Зимбаков – Струмица/САД
Рубин Стефанов – Канту-Италија
Ангел Кечовски – Ангели/САД
Грегориј Јакимовски – Италија
Исак Муареми – Италија
Давид Петрушевски – Сан Северо-Италија

 

Машката репрезентација „Под 18“ години, ова лето ќе учествува на Европското Првенство, „Б“ дивизија, кое во периодот од 21 јули до 30 јули ќе се одигра во Португалија. Зс/

Остани поврзан