• среда, 18 декември 2024

Лефков: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови

Лефков: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови

Скопје, 4 декември 2024

Почитувани,

Венко Филипче, неврохирургот и потрчко на Заев се гордее со Зоран Заев и не планира да се откаже од него.

Филипче наместо да покаже дека е автентичен, се забетонира себе си на дното, изразувајќи му лојалност на Зоран Заев, човекот кој ги направи сите предавства и под чија капа беа сите криминали.

Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови за Бугарија, за Македонскиот народ и јазик. Во СДС не се сменило ништо, тоа е истата антидржавна партија на Заев.

Партија со државнички позиции и Зоран Заев не одат во иста реченица, затоа повеќе од јасно е дека Венко Филипче го избра Заев, а ја закопа СДС.

Жално е како Венко Филипче не гледа дека токму Зоран Заев е причината заради која  СДС е распарчена и дека токму тој е причината за предавствата на Македонија и криминалот кој царуваше 7 години.

Со Венко Филипче ништо ново не му се пишува на СДС, повторно истата приказна која народот добро ја знае.

Со почит, 

Прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан