• петок, 22 ноември 2024

„Легион плеј“ - нова рачна конзола на „Леново“

„Легион плеј“ - нова рачна конзола на „Леново“
Лос Анџелес, 5 октомври 2021 (МИА) - „Леново“ се подготвува да ја пушти в продажба рачната конзола „Легион плеј“, која користи оперативен систем „Андроид“. Уредот ќе им конкурира на „Валв“, „Стим дек“, како и на „Свич“ на „Нинтендо“. Компанијата требаше да го претстави својот модел за време на Светскиот конгрес за мобилни телефони, но тоа не се случи. Рачниот уред за видеоигри е опишан како „Андроид-облачна гејмерска конзола“ која им овозможува играње мобилни игри и пренесување на компјутери. „Легион плеј“ има 7-инчен ФХД екран со ХДР-10 поддршка и формат 16:9. Има и два звучника, вградени контроли што не можат да се одвојат, и се напојува со батерија од 7.000 мегаампер часови. Конзолата користи изменета верзија на Андроид, а ја поддржува и платформата „Енвидија џифорс“.  си/

Остани поврзан