• вторник, 05 ноември 2024

Лев пред промоција во Фенербахче

Лев пред промоција во Фенербахче
Истанбул, 3 февруари 2022 (МИА) - Поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев, ќе го преземе Фенербахче. Турската медиумска корпорација „Хабер Глобал“ објави дека 61-годишниот фудбалски стручњак се договорил со претседателот на клубот Али Кох за условите за соработка. Германецот ќе потпише договор на три години. Се дознава дека претседателот на клубот и тренерот ги договориле деталите како трансфер буџетот и инфраструктурните проекти на клубот, а сега на Лев останува само да потпише договор. Лев ја водеше германската репрезентација од 2006 до 2021 година. Фенербахче моментално е 5. во турската лига со 37 бодови по 23 кола. зс/

Остани поврзан