• вторник, 05 ноември 2024

Лев останува селектор на Германија до ЕП

Лев останува селектор на Германија до ЕП
Берлин, 1 април 2021 (МИА) - Селекторот на Германија, Јоаким Лев нема да ја напушти функцијата до Евро 2020, објави новинарот на „Спорт1“, Флоријан Плетенберг. Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) не планира да го отпушти фудбалскиот стручњак по синоќешниот пораз од македонската репрезентација со 2:1, а и самиот Лео нема намера да се повлече предвреме. Сепак, ДФБ го нагласи незадоволството од овој пораз. Претходно Лев најави дека ќе ја напушти германската репрезентација по Евро 2020 кое ќе се игра претстојното лето. По три одиграни кола во квалификации за СП 2022, Германија е на третото место во групата Ј со 6 бода. зс/

Остани поврзан