• недела, 22 декември 2024

Леви: Кејн ќе добие статуа пред стадионот на Тотенхем

Леви: Кејн ќе добие статуа пред стадионот на Тотенхем

Лондон, 21 април 2023 (МИА) – Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн заслужува да добие статуа пред стадионот на Тотенхем, изјави претседателот на лондонскиот премиерлигаш Даниел Леви.

Кејн настапува за Тотенхем од 2004 година и има договор со клубот од Лондон до 30 јуни 2024 година. На 428 натпревари во дресот на Тотенхем постигна 273 голови, со што е најдобар стрелец во клупската историја, но сè уште нема освоено ниту еден клупски трофеј.

Леви немаше јасен одговор на прашање на британските новинари дали Кејн ќе го продолжи договорот со Тотенхем.

-Можеме да освоиме трофеј со Кејн во екипата. Меѓутоа, важно е и тоа што тој е наша легенда. Факт е дека е најдобар стрелец во нашата историја. Тој таа историја ја создава од еден на ден. Се надевам дека ќе имаме прилика еден ден да му возвратиме, така што пред нашиот стадион ќе биде поставена статуа со неговиот лик“, изјави Леви. ег/вг/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан