• понеделник, 25 ноември 2024

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани сносат и извршната и судската власт

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани сносат и извршната и судската власт

Скопје, 17 август 2024

Нема сомнеж дека бегството на Блерим Рамадани, обвинет за тероризам е целосно реализирано, а припадникот на терористичката УЧК, баран со потерница на Интерпол, наместо пред истражните органи, ужива во своето „Херојство“ на Косово и Метохија. Информацијата веќе е потврдена од повеќе извори и се случува непосредно откако Премиерот најави тајни заговори за дестабилизација на државата.
 
Бегството на Рамадани е проследено со низа јасни укажувања на политичко вмешување во негова реализација (што ги овозможува предусловите за реализација на бегство) и низа „пропусти“ кои следуваат како резултат на истата.
 
Најпрвин, коалицискиот партнер на Мицкоски, Министерот за здравство - Таравари, пуштањето на Рамадани во куќен притвор го претстави како „добиена битка“, за подоцна, буквално, да се фали за ослободување на терорист и дека тоа сите ги прави среќни, што како чин направен од министер, во најмала рака е надвор од здрав разум! 
​​​​Целиот случај беше симптоматичен од самиот почеток. Судот донесе одлука наместо мерка притвор, странски државјанин да биде во домашен притвор кај роднини (што ги овозможува предусловите за реализација на бегството) за што треба да се понесе сериозна одговорност! 

Потоа, Полицијата на Тошковски, свесно не поставила обезбедување на притворот на осомничен за тероризам, (што ги овозможува условите за реализација на бегството) и ги изнесува целосно на површина индикациите дека станува за политички договор. 
 

На крај, лицето успешно е пренесено преку граница (што е целосна реализација на бегството), а можноста за истата да се реализира без знаење на државата (власта) е само наивна приказна! 
 
Целиот Парадокс го комплетира формирањето „Специјална комисија“ за расчистување на случајот! - Фактот што Владата не бара одговорност во сопствените редови за пропустите направени од МВР, туку во останатите институции само укажува дека коалицијата на Власт има намера да го заташка случајот! Потсетете се на тоа како собраниската Комисијата за „Онкологија“ го „расчисти“ тој случај.
 
За жал, наместо државен апарат кој ќе го заштити јавниот интерес, продолжува да функционира државниот апарат кој ги штити само интересите на криминалните моќници блиски на владејачката елита! Македонија останува држава во која се оди во затвор за украдени ќебапи, а на слобода - за тероризам. 
 
Одговорноста за бегството на осомничен за тероризам мора да сносат и извршната, и судската власт!

Сектор за медиуми и односи со јавноста на ПП Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Левица

Остани поврзан