• петок, 22 ноември 2024

Левица: Лифтот во Кежовица не работи, граѓаните да внимаваат

Левица: Лифтот во Кежовица не работи, граѓаните да внимаваат

Скопје, 29 октомври 2023

По вчерашното пратеничко прашање од страна на пратеникот на Левица, Борислав Крмов, утрово експресно пристигнала наредба од директорот Ален Георгиев да се отстрани предупредувањето дека лифтот во Физикалната терапија во Кежовица НЕ РАБОТИ.

Вработените, но и жителите на Штип знаат дека лифтот не работи веќе 6 месеци!

6 месеци неподвижните пациенти не можат да ја добијат потребната нега и третман!
Со отстранување на предупредувањето, сега животите на персоналот и пациентите се во опасност од несреќа.

Дополнително, Maja Manoleva, заменик министерката за здравство, вчера во Собранието искажа #бесрамни_лаги, дека лифтот е во функција.
Лифтот во Кежовица не работи. Левица ги предупредува граѓаните да внимаваат.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан