• понеделник, 25 ноември 2024

Левица во Велес: Овие локални избори се клучни за растот на партијата

Левица во Велес: Овие локални избори се клучни за растот на партијата
Велес,13 октомври 2021 (МИА) - Во Велес вечерва изборната програма, приоритетите и заложбите на идниот совет и градоначалник на општината ги претстави партијата Левица. Димитар Апасиев, претседател на Левица во своето обраќање пред велешани, потенцира дека овие локални избори се клучни за растот на партијата. - Ние сме екипа која се создава одоздола нагоре.И затоа сфативме со текот на нашиот политички активизам уште од студентски денови дека не можеме да одиме со хоризонтални движења.Тоа што и треба на државата е хиерархиска структира и во случајов партија која ќе се бори на рамноправна основа со другите партии и така настана Левица и сите ние сме дел од мозаикот кој се вика Левица, рече Апасиев. Тој им порача на кандидатите од Левица да не потпаднат под притисоците. - Јас верувам дека да ве заплашат не можат толку колку што можат да ве поткупат. Секој човек има некоја точка на топење, ќе ви понудат секакви предлози. И јас ќе ви кажам колку кошта советничко место, 30 илјади евра. Немојте да се предадете бидејќи единственото нешто кое го има Левица е кредибилитетот  и чистиот образ, им порача Апасиев. Кандидатот на Левица за градоначалник проф д-р Златко Арсов од пред велешани појасни дека се вклучува во политиката, како што рече, да ја промени  безнадежноста на младите, долгата транзиција, сиромаштијата, ниските приходи и класните разлики. Најави дека ќе се залага за социјална грижа во која сите поединци во општеството ќе имаат еднакви права слободи, граѓански права и слобода на изразувањеи, да гради добра и социјални услуги. Арсов најави и уредување на просторот на Велес за хумано и здраво живеење, активности за развојот на потенцијалот кај децата и младите, енергетска одржливост, санација на инфраструктира и унапредување на земјоделското земјиште. - Сакам Велес да биде град од кој нема никој да бега, туку ќе останеме за да го развиваме во иднина, порача Арсов. ад/цр      

Остани поврзан