Левица: Антикорупционерката Ристовска крие имот
- По разобличувањето на октоподската мрежа во Државната комисија за спречување на корупцијата и улогата на Цвета Ристовска во забошотување чувствителни предмети и амнестирање функционери од ДПМНЕ, денес отвораме уште посериозен и поалармантен аспект: членката на антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, иако во согласност со законот е должна да поднесе навремен, вистинит, детален, целосен анкетен лист со целиот свој имот, но и со имотот на своето семејство - самата свесно го прекршила законот!, се вели во соопштението од Левицата, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 29 јануари 2026
По разобличувањето на октоподската мрежа во Државната комисија за спречување на корупцијата и улогата на Цвета Ристовска во забошотувањето увствителни предмети и амнестирање функционери од ДПМНЕ, денес отвораме уште посериозен и поалармантен аспект: членката на антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, иако во согласност со законот е должна да поднесе навремен, вистинит, детален, целосен анкетен лист со целиот свој имот, но и со имотот на своето семејство - самата свесно го прекршила законот!, се вели во соопштението од Левицата, што МИА го објавува интегрално.
Во согласност со законот, секој функционер е должен да поднесе точен, целосен и вистинит анкетен лист за својот имот и за имотот на членовите на семејството. Тоа важи двојно за член на ДКСК - институција што изрекува прекршочни санкции и поведува постапки токму за непријавување, прикривање или неточно пријавување имот!
Сепак, Цвета Ристовска, иако била должна, не ги пријавила фирмите на своите деца во анкетниот лист. И не станува збор за формална грешка, туку за свесно изоставување податоци, кои законски морале да бидат внесени, а образецот на анкетниот лист содржи токму такви полиња!
Оттука, логично се наметнува прашањето:
Дали Цвета Ристовска ќе се казни сама себе? Или, како и во сите случаи поврзани со власта на ДПМНЕ, така и овој таа ќе го затвори, релативизира или заглави во некоја фиока?
Станува збор за членка на тело што во изминатиот период систематски ги амнестира од одговорност функционерите на ДПМНЕ - од сомнителни дипломи преку судир на интереси до милионски тендери... и секогаш „не се наоѓаше ништо спорно“. Денес, истата оваа членка се соочува со фактот дека самата го прекршила законот.
Ова повеќе не е само институционален пропуст, туку многу повеќе е прашање на интегритет и кредибилитет. Антикорупциската комисија, во која член што затвора предмети за власта, а во исто време прикрива сопствена имотна состојба, не е чувар на јавниот интерес, туку дел од партиско-коруптивниот механизам.
Левицата јавно прашува:
Ќе има ли истрага и за Цвета Ристовска? Ќе важи ли законот и за оние што треба да го спроведуваат? Или октоподот ќе продолжи да ги штити своите пипала, дури и кога тие седат во самото срце на „антикорупцијата“? Дали ДКСК планира најавените контроли да ги почне од сопствениот двор?
Утре, Левицата ќе објави и зошто Цвета Ристовска свесно ги прикрила овие фирми.
Фото: МИА архива