• четврток, 04 јули 2024

Леброн и Рашфорд се најомразените спортисти во светот

Леброн и Рашфорд се најомразените спортисти во светот
Лос Анџелес, 10 јули 2021 (МИА) – Американскиот спортски порталот „Pickwise“ состави список на најомразени спортисти во светот во текот на изминатата година. Леброн Џејмс, кошаркар на Лос Анџелес лејкерс е на врвот на листата, откако во текот на последните 12 месеци доби над 122 000 негативни коментари на социјалните мрежи. На второто место е фудбалерот на Англија и Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд - 32.328 навредливи забелешки. Заокружувајќи ги најдобрите тројца е Том Брејди од американскиот фудбал - 28.151 негативни критики. Листа на првите десет: 1. Леброн Џејмс (кошарка) – 122 568 навредливи коментари 2. Маркус Рашфорд (фудбал) – 32 328 3. Том Брејди (американски фудбал) – 28 151 4. Кевин Дурант (кошарка) – 24 370 5. Буба Валас (автомобилизам) – 21 750 6. Демиен Лилард (кошарка) – 20 904 7. Тревор Бауер (бејзбол) – 14 083 8. Кристијано Роналдо (фудбал) – 11 757 9. Стеф Кари (кошарка) – 11 203 10. Месут Озил (фудбал) – 11 192. зс/

Остани поврзан