• вторник, 05 ноември 2024

Ла Лига одобри пет замени за сезоната 2020/21

Ла Лига одобри пет замени за сезоната 2020/21
Мадрид, 8 септември 2020 (МИА) - Шпанската фудбалска федерација објави на официјалната веб-страница дека правилата се менуваат Ла Лига и во Сегунда за сезоната 2020/21. Според новите правила, во двете лиги ќе биде дозволено пет замени по натпревар, а максималниот број на повикани играчи ќе биде 23 играчи. Претходно, пет замени беа воведени во сезоната 2019/20 поради коронавирусот. Во англиската Премиер лигата одлучија да се вратат на три замени по натпревар. зс/

Остани поврзан