• среда, 25 септември 2024

Лајпциг ќе го купи Анхелињо од Манчестер сити

Лајпциг ќе го купи Анхелињо од Манчестер сити
Берлин, 12 февруари 2021 (МИА) – Бундеслигашот Лајпциг ќе го купи дефанзивецот Анхелињо од Манчестер сити. Според „Кикер“ германскиот клуб ќе ја активира опцијата за откуп на 24-годишниот Шпанец во износ од 18 милиони евра. Анхелињо игра за Лајпциг како позајмен фудбалер од Манчестер сити од јануари 2020 година. Тој има девет голови и 16 асистенции на 46 настапи за тимот. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 35 милиони евра. зс/

Остани поврзан