Лајпциг одби да го позајми Окафор по медицинските прегледи
- Пропадна трансферот на Ноа Окафор во РБ Лајпциг. Беше објавено дека германскиот клуб ќе го земе играчот од средниот ред на Милан на позајмица со опција за откуп за 25 милиони евра.
Лајпциг, 14 јануари 2025 (МИА) - Пропадна трансферот на Ноа Окафор во РБ Лајпциг. Беше објавено дека германскиот клуб ќе го земе играчот од средниот ред на Милан на позајмица со опција за откуп за 25 милиони евра.
Сепак, Лајпциг реши да не го потпише 24-годишниот играч по медицинските прегледи, објави новинарот на „Sky Sport“, Филип Хинзе.
Швајцарецот не е подготвен за игра во скоро време бидејќи заздравува од повредата на мускулот на потколеницата.
Окафор има постигнато еден гол на 11 натпревари во тековната сезона во Серија А. зс/
Фото: ЕПА