• понеделник, 23 декември 2024

Лацио сака да го продолжи договорот со Ачерби до 2024 година

Лацио сака да го продолжи договорот со Ачерби до 2024 година
Рим, 29 мај 2020 (МИА) - Лацио е во преговори да го продолжи договорот со дефанзивецот Франческо Ахерби. Новинарот Николо Скира објави дека римјаните се надеваат дека ќе го продолжат договорот со 32-годишниот Италијанец до јуни 2024 година со плата од 2,5 милиони евра. Новиот договор треба да ги намали шансите на дефанзивецот да го напушти клубот. За него се заинтересирани Интер и Челзи. Во тековната сезона, Ачерби има одиграно 33 натпревари на сите турнири, во кои постигна два гола и направи две асистенции. зс/

Остани поврзан