• понеделник, 01 јули 2024

Лацио го загуби третиот натпревар по ред во Серија А

Лацио го загуби третиот натпревар по ред во Серија А
Рим, 11 јули 2020 (МИА) – Тимот на Лацио, кој до пред кризата со коронавирусот беше многу сериозен конкурент за шампионскиот трофеј, влезе во резултатска криза. „Лацијалите“ попладнево загубија на свој терен од Сасуоло (1:2) во натпреварот од 32. Коло, иако на полувреме водеа со 1:0. За римскиот клуб единствениот погодок го постигна Луис Алберто, додека за Сасуоло погодија Џакомо Распадори и Франческо Капуто. За Лацио, овој пораз беше трет по ред во Серија А. Сасуоло го завзема 8. место на табелата со 46 бода, Лацио е втор со 68 бода. зс/

Остани поврзан